Промени тема
Контакт

Шефот на Светското првенство во алпско скијање 2027 привремено суспендиран по обвинение за измама и злоупотреба на положбата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Свет
alpi-2
Илустрација

Клод-Ален Шмидхалтер, претседател на организацискиот одбор на Светското првенство во алпско скијање во Кран-Монтана во 2027 година и потпретседател на Швајцарската скијачка федерација „Свис-ски“, е обвинет за измама и злоупотреба на положбата.

— реклама —

По подигнувањето на обвинението, Шмидхалтер беше привремено суспендиран од двете функции. Според официјалното соопштение на организаторите на првенството, суспензијата ќе трае до донесувањето одлука од судот.

— реклама —

Швајцарските медиуми објавија дека Шмидхалтер наводно го измамил својот поранешен деловен партнер. Според обвинението, Јавното обвинителство на кантонот Вале за него бара условна затворска казна од 23 месеци, парична казна од 10.000 швајцарски франци, како и дополнителни 55.000 франци што би требало да му бидат исплатени на оштетениот.

По подигнувањето на обвинението, Шмидхалтер поднел оставка од функциите во „Свис-ски“. Од федерацијата соопштија дека одлуката е донесена по обвинението поднесено од Јавното обвинителство на кантонот Вале.

— реклама —

Од „Свис-ски“ нагласија дека кривичната постапка не е поврзана со спортот.

— реклама —

Кран-Монтана ќе биде домаќин на 49. Светско првенство во алпско скијање од 1 до 14 февруари 2027 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања