Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

„Шел“ разгледува продажба на хемискиот бизнис во САД: Еве кој е заинтересиран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryj8bb0tdr1er106bS2RH
Photo by Maverick Timotius on Unsplash

Британскиот нафтен гигант „Шел“ разгледува можност за продажба на својот хемиски бизнис во САД за околу осум милијарди долари, во обид да го насочи работењето кон основната дејност – производството на нафта и гас.

— реклама —

Според „Фајненшл тајмс“, за хемиската дивизија интерес покажале „ЕксонМобил“ и инвестициската компанија „Аполо“, а меѓу потенцијалните купувачи се споменува и кувајтската државна нафтена компанија „Кувајт петролеум корпорејшн“.

Неколку заинтересирани компании веќе доставиле првични понуди, и тоа за целата дивизија или за одделни делови од бизнисот.

— реклама —

„Шел“ во САД има четири хемиски постројки во Луизијана, Тексас и Пенсилванија, каде што се произведуваат хемикалии што се користат во производството на пластика, лекови, средства за чистење и други производи.

— реклама —

Сепак, извори запознаени со процесот за „Фајненшл тајмс“ велат дека „Шел“ сè уште нема донесено конечна одлука за продажбата.

Доколку целата дивизија биде продадена за околу осум милијарди долари, сумата би била значително помала од вкупните инвестиции што компанијата ги вложила во американскиот хемиски бизнис.

И по евентуалната продажба, „Шел“ би задржал значаен дел од своето работење во САД, меѓу кои се платформите за експлоатација на нафта на море и рафинериите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryiv4ibsq218v9ckoGtY7

САД ја откажаа заедничката фотографија на министрите од Г20 поради присуството на Лавров

Свет | пред 41 минута

— реклама —
Policija

Мајка во САД ги задушила трите деца со ленти за вежбање, поранешниот сопруг ги тужи психијатарот и медицинската сестра кои ја лекувале од постпородилна психоза

Свет | пред 10 часа

rast-na-berzi

Волстрит расте и покрај стравувањата од ново зголемување на каматите во САД

Свет | пред 1 ден

Pentagon

Предупредување од САД: Граѓаните да обезбедат храна, вода и батерии за итни случаи

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања