Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Шестмина уапсени за безобѕирно управување со возило, возеле без дозвола или под дејство на алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 17 минути -

Македонија
media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue
Фото: ФБ / МВР

Шест лица биле лишени од слобода во изминатото деноноќие на различни локации во државата поради безобѕирно управување со возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Меѓу нив има возачи кои управувале и покрај активна забрана, под дејство на алкохол или без положен возачки испит.

— реклама —

Три лица возеле со активна забрана за управување со моторно возило: С.С. (35) од Кичево, Ш.Ф. (58) од селото Чичево, општина Градско, и М.П. (42) од селото Стајковци, Скопско.

— реклама —

Други двајца возеле под дејство на алкохол – Б.С. (40) од Прилеп и Т.Л. (74) од Радовиш, додека Е.Р. (30) од селото Морани, општина Студеничани, управувал со возило без положен возачки испит. Против шестмината, по документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Во друг случај, СВР Тетово поднело кривични пријави против 19-годишник и 59-годишник од селото Гајре, Тетовско, поради сомнение за повеќе кривични дела поврзани со предизвикување општа опасност, оружје и помагање на сторител по извршено кривично дело.

— реклама —

Според пријавата, на 10 октомври 2025 година во Тетово, 19-годишникот со автомобил не застанал на полициски знак за запирање, преминал на спротивната коловозна лента, а потоа го оставил возилото и продолжил пеш. При бегството му испаднал пиштол „Чешка зброевка взор 70“, калибар 7,65 милиметри, со муниција.

— реклама —

Потоа отишол во автоперална на 59-годишникот, кој му дал друго патничко возило „пежо“ за да замине.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykrpnitc3cavm6ovyxPr

Агресивно се однесувал кон мајка си, приведен 47-годишник од Гевгелија

Македонија | пред 30 минути

— реклама —
media-librarynrdvdbth46nk8SO8sQe

63-годишник нападнал 11-годишно дете со дрвен предмет во Тетово

Македонија | пред 35 минути

siluvanje

49-годишен скопјанец силувал дете под 15 години

Македонија | пред 1 час

media-libraryief9kqn5744o2qY0VQy

Изгорела разновидна стока во пожар во куќа во Скопје

Македонија | пред 1 час

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања