Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Шпанскиот министер одбива да поднесе оставка по судирот на возовите со 69 загинати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
media-library5e1itph0ilhsbja7a8p

Шпанскиот министер за транспорт Оскар Пуенте одби да поднесе оставка по тешката железничка несреќа во која загинаа најмалку 69 лица, нагласувајќи дека неговата обврска во моментов е да ги решава проблемите и да помогне целосно да се утврдат причините за трагедијата.

— реклама —

На прес-конференција во Мадрид, Пуенте изјави дека „нема што да крие“ и повтори дека владата ќе ги испита сите околности на несреќата. Тој порача дека сè уште има многу прашања на кои треба да се одговори, но дека сега не е време да се разговара за неговото останување на функцијата.

— реклама —

По несреќата, која се случи во средата на железничката линија Мадрид–Севиља, во покраината Толедо, оставка од министерот побараа политички противници, синдикати и демонстранти кои се собраа пред Министерството за транспорт.

— реклама —

Според објавените информации, воз на државната компанија „Ренфе“, кој се движел со брзина од 160 до 200 километри на час, удрил во задниот дел на друг воз на компанијата „Ирио“, кој бил запрен. Во несреќата загинале најмалку 69 лица.

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека довербата на јавноста во железничката мрежа е нарушена, оценувајќи како неприфатливо тоа што во период од само една година се случиле две слични трагедии. Во јануари, на истата линија Мадрид–Севиља, кај местото Адамус во јужниот дел на Шпанија, во судир на возови загинаа 46 лица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb8m6aod3qjcv6kV6K9S

Бројот на загинати во железничката несреќа во Шпанија се искачи на 69

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryovvrem5ti963fQCGa14

(Видео) Протести пред Министерството за транспорт во Мадрид по железничка несреќа во која загинаа најмалку 68 лица

Свет | пред 1 ден

media-libraryvumr28dd58mi77u4krE

„Насекаде имаше куфери, тела и искршени прозорци“: Новинар раскажува за ужасот по судирот на возовите во Шпанија

Свет | пред 1 ден

media-libraryb8m6aod3qjcv6kV6K9S

Излегол само да ги истегне нозете, а потоа неговиот вагон се запалил: Неверојатна приказна од Шпанија

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања