Промени тема
Контакт

„Штетата за Државната лотарија со своето толкување ја прават МВР и ЈО“, вели професорот Калајџиев за случајот за Груби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Коментари
media-library5jtjd07rgr419JapC03

Професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев, смета дека случајот поврзан со набавката на апарати за Државната лотарија не треба да се третира како кривичен спор и дека постапувањето на институциите може да ѝ нанесе штета токму на државната компанија.

Калајџиев во својата оценка посочува дека МВР и Јавното обвинителство, со начинот на кој го толкуваат случајот и набавката на апаратите, можат да предизвикаат штета за Државната лотарија.

— реклама —

Според него, постапките за кои се товарат обвинетите всушност биле насочени кон обезбедување предност за државата во однос на австриската страна.

— реклама —

„Мене ми личи дека штетата за Државната лотарија за купените апарати со своето толкување ја прават МВР и ЈО“, наведува Калајџиев.

Тој оценува дека обвинетите, напротив, сакале да ѝ обезбедат предност на државата пред Австријците, што, според него, е во согласност со логиката на Законот за игрите на среќа.

— реклама —

„Обвинетите напротив сакале на државата да ѝ обезбедат предност пред Австријците, што е впрочем во духот на Законот за игри на среќа според кој државата е алфа и омега“, посочува професорот.

Калајџиев смета дека суштината на спорот не е од кривично-правен карактер. Тој изразува и став дека постапката можеби има поширока политичка заднина.

„Целиот спор инаку не е кривичен и веројатно служи да му се скине главата на Груби“, оценува Калајџиев.

media-libraryk192ok7e36ho7dtxDrX

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypldb7v9t6stq2eB913i

„Силувана е процедурата“: Калајџиев го оспорува постапувањето на обвинителството во случајот со мазутот

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-librarym34l4jnhr0cr4Y6MGhf

Критика од Калајџиев за Маричиќ и СДСМ: Ако вредеа, немаше вака да завршат

Коментари | пред 8 месеци

puls-kocevski

Калајџиев: Обвинението за „Пулс“ е нарачка од политика, не правна грешка

Македонија | пред 1 година

Gordan-Kalajdjiev-20

Калајџиев за истрагата за Кочани: Селективност во сомничењата со апсење на претходните функционери, притвори под притисок, а не од легални причини

Коментари | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања