Промени тема
Контакт

Си-Ен-Ен: Русија се враќа кон советската репресија и цензура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
putin

Четири години по целосната инвазија на Украина, Русија се соочува со зголемено незадоволство и нов бран на внатрешни тензии, додека јавниот притисок врз претседателот Владимир Путин станува сѐ повидлив, пишува Си-Ен-Ен.

Во повеќе руски градови се забележуваат чести прекини на интернет-услугите, што сериозно го нарушува секојдневниот живот, додека властите тврдат дека мерките се дел од борбата против безбедносни закани и тероризам.

Истовремено, руските безбедносни служби ја засилуваат репресијата врз медиумите и културниот сектор. Во последните недели се спроведени рации и апсења на издавачи и новинари, меѓу кои и случаи поврзани со наводна „ЛГБТ пропаганда“.

Меѓу целите на истрагите се нашле и издавачки куќи поврзани со млади автори, како и дела со ЛГБТ тематика, што властите ги третираат како екстремистички содржини по одлука на рускиот Врховен суд од 2023 година.

— реклама —

Паралелно со тоа, ограничен е и пристапот до независни медиуми. Повеќе новински организации, меѓу кои и Новаја Газета, се соочуваат со рации и притисоци, додека некои изданија се принудени да престанат со печатење.

— реклама —

Властите забраниле и дел од западните социјални мрежи, додека промовираат државно контролирани дигитални платформи.

Извештајот наведува и дека руските власти ги обновуваат симболите на советската ера, вклучително и именувања поврзани со поранешни безбедносни структури, што дополнително ја засилува загриженоста за враќање на авторитарните практики.

— реклама —

И покрај економските последици од војната и притисокот врз јавноста, Путин изјавил дека прекините на интернетот се поврзани со безбедносни операции и спречување напади, додавајќи дека дел од ограничувањата се „неопходни во услови на воен конфликт“.

Според Си-Ен-Ен, ваквите мерки укажуваат на продлабочување на државната контрола врз информациите и секојдневниот живот во Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин повторно провоцира: Руската ракетна флота тргна во акција

Свет | пред 2 дена

media-library6m0d6d4v1t8k2WaLf2M

Русија го ослободи американскиот затвореник Роберт Гилман, Трамп потврди дека немало размена

Свет | пред 1 седмица

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин не сака нова мобилизација: Кремљ бара 400.000 луѓе за војна во Украина

Свет | пред 1 седмица

media-librarya1be4hmuknmef73E93U

Путин повторно се пофали: Руската економија и натаму е меѓу најсилните во светот

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања