ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.М.(49) од општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривичнии дела „узурпација на недвижности“ и „бесправно градење“. Тој, во текот на мај 2020 година, на локација во струшкото село Горна Белица узурпирал државно земјиште и без одобрение отпочнал со градба на викенд куќа. Од извршениот инспекциски надзор, донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да ја отстрани градбата.
Си изградил викендица на државно земјиште, инспекцијата бара да се отстрани
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија