„Претрес“ на Јани Бојаџи: Филмот за 27 април, културата заробена од партии, политиката и Алфа ТВ
VKjiy_lUNc8

Си прават зажани-откажи: Аферата со прислушување ја тресе државата, Собранието не успева да одржи седница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
anb-komisija-za-nadzor-na-ar

Во Собранието веќе неколку дена се одложува седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, закажана по аферата со прислушувањето и следењето на премиерот Христијан Мицкоски, обвинителката Вилма Русковска, новинарите Кристијан Ландов и Љупчо Златев, повеќе редакции и бизнисмени.

— реклама —

Првпат седница била закажана за вчера во 11 часот: „Третата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 05 септември 2025 (петок) во 11:00 часот, во Сала 6“.

— реклама —

Исто вчера, била одложена: „Третата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е одложена“.

— реклама —

Повторно вчера била закажана седница: „Четвртата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 10 септември 2025 (среда) во 11:00 часот, во Сала 6“, па одложена.

Истото се повторило: „Петтата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е закажана за 05 септември 2025 (петок) во 17:00 часот, во Сала 6“. Ни од оваа седница ништо, бидејќи до пратениците стигнала порака дека се одлага. Добиле нова најава, овојат за седница во среда.

„Четвртата седница на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање е презакажана за 10 септември 2025 (среда) во 10:00 часот, во Сала 6“, стои во пораката.

Закажување на седница прави претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи денеска. Тој нема ниту безбедносен сертификат за да може да раководи со оваа комисија. Прашан за тоа како сака да раководи со седница а без безбедносен сертификат, раскажа дека моделот во Македонија треба да е како во Словенија, сертификат да се добива со добивање на мандат за пратнеик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 седмици

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 седмици

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања