СВР Куманово и Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесоа кривични пријави против С.Д.(55), Ј.Т. (57), М.А. (47), Ф.Б. (19), Б.И.(65) и Б.С. (66), сите македонски државјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемијата“. Пријавените биле затекнати како без дозвола се движеле за време на забрана за движење на населението.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Ј.Д.(44) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 28.08.2021, полициски службеници извршиле контрола и не го пронашле пријавениот во својот дом и покрај тоа што имал решение за домашна изолација издадено од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.