Сицилија добива мост до копното, Италија стартува мега-градба од соништата вредна над 13 милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
sicilija

Италија конечно го одобри мега-проектот вреден 13,5 милијарди евра, со кој по децении планирање и одложувања ќе се изгради мост што ќе ја поврзе Сицилија со копното. Станува збор за конструкција долга 3,7 километри, која се најавува како најдолгиот мост со еден распон во светот.

— реклама —

Идејата за изградба на мостот над Месинскиот теснец, кој ја разделува Сицилија од копнена Италија, датира уште од крајот на 60-тите години, со цел да се поттикне економскиот развој на југот на земјата.

— реклама —

Проектот доби приоритет од актуелната десничарска влада на премиерката Џорџа Мелони, која планира средствата од 13,5 милијарди евра да се инвестираат во наредната деценија за изградба на мостот и придружната инфраструктура. Според компанијата Messina Strait Company, мостот се очекува да биде завршен до 2032 година.

— реклама —

Сепак, изградбата наидува на силни противења од стручната јавност, поради сеизмичкиот ризик на регионот. Освен тоа, се посочуваат и можните пречекорувања на буџетот, штетното влијание врз животната средина, како и ризиците од вмешаност на мафијата во градежните договори. Противниците на проектот го сметаат за непотребен, додека еколошки организации веќе поднесоа претставка до Европската Унија, предупредувајќи на потенцијални еколошки последици.

И покрај ваквите реакции, поддржувачите на проектот веруваат дека модерната железничка и патна врска ќе претставува значителна предност за Сицилија и сиромашните региони на југот, заменувајќи го постојниот фериботски транспорт.

Изградбата ѝ е доделена на меѓународна групација предводена од италијанската компанија „Вебилд“ (Webuild), во која се вклучени и „Сасир груп“ од Шпанија и јапонската компанија „ИХИ“.

Од Messina Strait Company посочија дека со ова одобрение ќе започнат подготовките за реализација, меѓу кои се предвидени археолошки и геолошки истражувања, како и постапки за експропријација на земјиште.

Според проценките на Webuild, изградбата на мостот би можела да отвори над 100.000 нови работни места.

фото: Unsplash

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања