Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Сијарто: Српските власти спречиле терористички напад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Свет
gasovod

Унгарскиот министер Петер Сијарто изјави дека српските власти спречиле терористички напад за кревање во воздух на српскиот дел од гасоводот „Турски тек“, преку кој доаѓа 56% од гасот во унгарскиот систем. Сијарто и премиерот Виктор Орбан отишле кон границата кај Кишкунхалаш за проверка на унгарската страна. Унгарија го ставила својот 250 км дел од гасоводот под воена заштита, за да се зачува снабдувањето и ниските сметки. „Турски тек“ пренесува 7,5–8 млрд м³ годишно.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, изјави дека српските власти спречиле терористички напад во кој требало да биде кренат во воздух српскиот дел од гасоводот „Турски тек“, кој, како што истакна, е неопходен за снабдување на Унгарија со гас.

— реклама —

„Вчера српските власти спречија терористички напад во кој сакаа да го кренат во воздух српскиот дел од гасоводот ‘Турски тек’. Овој гасовод е неопходен за снабдување на Унгарија со природен гас, бидејќи 56 отсто од природниот гас во нашиот систем, односно повеќе од половина, доаѓа преку гасоводот ‘Турски тек’“, изјави Сијарто во денешна објава на Фејсбук.

— реклама —

Сијарто денеска, заедно со премиерот на Унгарија Виктор Орбан, тргнал кон границата со Србија, во Кишкунхалаш во областа Сегедин, за да провери дали е сè во ред со гасоводот на унгарската страна.

— реклама —

„Наша задача е да го заштитиме суверенитетот на Унгарија, да го заштитиме снабдувањето на унгарските семејства, да ја заштитиме способноста на земјата да функционира и да се бориме за намалување на сметките за комунални услуги“, рече Сијарто.

— реклама —

Тој истакна дека едноставно не сака Унгарците да плаќаат барем три пати повеќе за комунални услуги отколку сега, што би било резултат од прекин на испораката на руски гас и нафта.

„Затоа унгарскиот дел од ‘Турски тек’, кој е гасовод долг 250 километри, го ставивме под воена заштита“, објасни министерот за надворешни работи на Унгарија.

Тоа денеска го потврди и Орбан во својата објава на Фејсбук, велејќи дека „гасоводот сакале да го кренат во воздух на српска страна, а ние моравме да наредиме воена заштита за унгарскиот дел од гасоводот“.

„Велигденски понеделник, 6 часот наутро. Вчера се обидоа да го кренат во воздух гасоводот на српскиот дел. Проверуваме дали е сè во ред на унгарската страна“, наведе Орбан.

Тој рече дека ќе ја провери влезната точка на гасоводот кај Кишкунхалаш.

Гасоводот „Турски тек“ годишно транспортира од 7,5 до осум милијарди кубни метри и претставува главна енергетска артерија на Унгарија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања