Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Шикоски: Крајно сме разочарани, пред 4 години во с. Октиси ни ветија фудбалскиот стадион, но од ветувањето нема ништо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
lopta-fudbal

Актуелната власт вети изградба на фудбалски стадион во С.Октиси, пред локалните избори уште пред скоро 4 години - пред локалните избори во 2017 кога екс-директорот на агенција за млади и спорт и актуелен пратеник во собранието на Р. Северна Македонија - Дарко Каевски за време на предизборна посета на Село Октиси во придружба на тогашниот и актуелен пратеник Јован Митрески биле на лице место каде што треба да се гради фудбалскиот стадион при што екс- директорот на АМС - Каевски кажал дека таа работа е завршена и дека на тоа место ќе се гради стадион.  Но тоа не е се, за изградба на стадионот е добиен и проект од АМС, како и градежна дозвола од општина Струга, но еве и до ден денес не е направено ништо, вели  генералниот секретар на фудбалскиот клуб во с. Октиси Даниел Шикоски.

— реклама —

Тој додава дека по барање на управата повеќе пати разговарал или се обудувал да разговарам и со пратеникот Јован Митрески, како и со други лица вклучени и запознаени со сите тиие работи, но за жал Митрески често не бил достапен за комуникација.

„Пратеникот Јован Митрески не беше достапен за комуникација, а кога беше само накратко ќе дадеше некоја штура информација и ќе кажеше дека е многу зафатен, а што се однесува до другите луѓе кои ги контактиравме и јас и останатите од клубот постојано ни кажуваа дека процедурата е во тек и дека во моментот се средуваат правните работи околу изградба на стадионот, и сето тоа би било сосема ок доколку повторно на барање на управата од клубот не стапив во контакт со АМС, поконкретно со кординаторката за инвестиции при АМС која на моето прашање до каде е процедурата со изградба на стадионот во С.Октиси таа на тоа изреагира зачудено и кажа дека таа воопшто незнаела дека во Октиси треба да се гради фудбалски стадион и дека во годишната програма на ,АМС за 2021 година воопшто не е предвидена изградба на стадион во с. Октиси.  Исто така пред околу месец -два во с. Октиси се раширија гласови дека наводно АМС го распишала тендерот тендерот за изградба на стадионот во Октиси, која информација повторно ја проверивме и се покажа дека не е точна, па сега најново што ни кажуваат е дека се чека ребаланс на буџетот за АМС да добие повеќе средства, па да се започне постапката за изградба на стадионот, но ете да кажам дека јас лично сум неутрален околу тоа дали верувам или не во тоа, но според разговори со жители од с. Октиси , како и со управата и играчите од фудбалскиот клуб , скоро никој не верува во тие тврдења“, вели Шикоски.

— реклама —

Исто така сакам да напоменам дека голем дел од жителите на с. Октиси се крајно изреволтирани поради оваа состојба и разочарани од актуелната власт со тврдење дека владата досега нема ништо направено за с. Октиси, посебно разочрани се младите од с. Октиси на кои тој стадион им е најпотребен.

Воедно чувствувам одговорност да кажам дека од страна на општина Струга имаме потполна поддршка за изградба на овој стадионн, па дури разговарано е и со градоначалникот на општина Струга - Рамиз Мерко од кого е побарано да општина Струаг да испрати багер кој би го израмнил местото каде што треба да се гради стадионот соц ел доколку АМС не го гради да го изградиме сами, на што градоначалникот се согласи и вети дека општината ќе испрати багер најбрзо што може, додава Шикоски.

фото: Архива

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања