„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

Шилегов: БРТ од Лисиче до Ѓорче низ плоштад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
SILEGOV-1

Една од темите на дебатата која вчера се одвиваше помеѓу 6-те најсериозни кандидати за градоначалници на Скопје, на емисијата 360 степени, една од темите беше и урбаната мобилност.

Според Шилегов, Скопје за жал, досега немал организиран урбан систем на транспорт на луѓе. Тоа е нешто што после 40 години со добро планирање, добра стратегија и напорна работа успеавме и тоа е нешто што е пред имплементација. Обезбедена е финансиска конструкција, а ЕБРД овој проект за Бас Рапид Транзит системот го има прогласено за најзелен проект што го има финансирано во рамките на урбан транспорт за последниве 25 години.

— реклама —

Она што 40 години во овој град само се зборуваше, вели Шилегов, тоа сега е доведено до стапка на тендер. Урбаната мобилност не подразбира само БРТ, урбаната мобилност подразбира и непречено движење на секаков вид сообраќај.

— реклама —

„Создадовме 110 километри велосипедски патеки, обзнанивме на јавноста дека веќе се работи тунелот којшто поминува под ’Лимак‘ и го спојува делот на Кисела Вода со Карпош. Мостот на булеварот ’АСНОМ‘ е во завршна фаза, таму веќе се рушат објектите за завршените експропријации, во јули ќе биде завршен и булеварот, а во меѓувреме по секундарната мрежа ќе се движат граѓаните и така, го заобиколуваме градот од двете страни. Внатре се вметнува БРТ, во средина, од Лисиче до Ѓорче Петров и ќе поминува низ плоштад, со што ја создаваме можноста Скопје да ја добие најголемата пешачка зона во Европа – од Старата железничка станица до Бит Пазар, од Собранието на РСМ до ’Палома Бјанка‘. Тоа е концепт, тоа е план, тоа е развој, тоа е нешто што не можете да го сработите или да кажете ’јас вака ќе го решам‘. Зголемувањето на бројот на автобусите не е систем за превоз на патници, едноставно тоа не функционира така. Треба малку повеќе знаење да се има, отколку да кажеш ’ќе пуштам повеќе автобуси‘“, изјави Шилегов.

— реклама —

Брзите сообраќајни решенија за пробивање на нови коридори се едноставно невозможни, додава Шилегов и секое такво дадено ветување ќе го валоризираат граѓаните. Во моментов, Град Скопје работи на булеварот „Борис Трајковски“, завршена е постапката, тоа е нешто што се одвива и граѓаните, особено од населбите Драчево и Батинци, од тој дел на градот, можат секако да го видат. Завршена е тендерската постапка за изградба на булеварот „Словенија“, со што се влегува во реализација и тоа е дел кој Шилегов го зборуваше минатата кампања – изработката на секундарниот северен прстен.

„’Босна и Херцеговина‘ е споен булевар со ’Словенија‘, на ’Христијан Тодоровски Карпош‘ излезот е направен. За булеварот ’Хрватска‘ е завршено проектирањето, во моментов во тек се постапките за отстранување на електричните инсталации, кои таму изнесуваат преку 7 милиони евра, имајќи ги предвид далноводите кои таму ги имаат и МЕПСО и ЕЛЕМ и по нивното завршување, ќе можеме да влеземе во имплементација на тој булевар. Таму има 4 објекти на коридорот, кои ќе се експроприраат и да не заборавам дека во моментов се работи на ’Момин Поток‘, една од најважните клучки. Дегутантно е да се зборува за работи кои градот веќе ги работи и да се претставуваат како проекти“, заврши Шилегов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања