ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Шилегов до ДКСК - Проверете ги наводните нерегуларности при набавката на противпожарната скала за хероите на градот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Summerland-1

Градоначалникот Шилегов денеска се обрати до Државната комисија за спречување на корупцијата со барање за испитување на наводните сомнежи за постоење корупција и судир на интереси при реализација на набавката на специјализираното возило - противпожарна скала, која претставува единствена опрема од ваков тип на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

— реклама —

Вчера, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ преку својот фејсбук профил ширеше невистинити информации за начинот и висината на цената на набавката на противпожарната скала, профил кој беше посочен од страна на ЕУ како извор на лажни вести.

- Со цел спречување на ширењето лажни вести и дезинформирање на јавноста, побаравме од ДКСК, преку своите механизми, да спроведе постапка за утврдување на наводните нерегуларности и на тој начин да ги информираме граѓаните на Скопје за уредноста на постапката при набавката на ваквата противпожарна скала - истакна градоначалникот Шилегов.

— реклама —

За потсетување, ова е прв пат Бригадата за противпожарна заштита во Скопје да набави ваква софистицирана опрема со која можат да интервенираат на објекти кои имаат повеќе од 5 ката, нешто што досега беше невозможно поради немање соодветна опрема. По 27 години, оваа градска администрација инвестира во опремата за хероите на Градот, а и во безбедноста на сите граѓани на Скопје.

Станува збор за набавка спроведена низ високо транспарентна постапка на меѓународен тендер кој траеше 6 месеци и чија вредност изнесување 1,7 милиони евра со ДДВ.

извор: Град Скопје

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања