Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шилегов финансира здруженија кои се сомничат за педофилија, обвинува Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Marija-Miteva02102021

Денес уште еднаш ќе ја објавиме вистината која Шилегов се обидува да ја премолчи пред јавноста. Почитувани граѓани, скандалозниот камп кој бил организиран од првиот скопски извиднички одред e проект финансиран од Град Скопје и во 2021-та година, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Ова е документ, информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кој проекти се избрани на јавен повик и финански и поддржани од Град Скопје. Во овој документ јасно е наведено дека проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието. (Слика во прилог).

Залудно се трудеше Шилегов да ја одбегне одговорноста, скандалозниот камп и настаните кои се случиле се финансирани од Град Скопје и тоа јасно се гледа од овој документ кој ќе го доставиме до медиумите и јавноста.

— реклама —

Ова е доволен показател дека Шилегов е еден од одговорните чинители во овој процес. Застрашувачки е фактот што Шилегов неколку дена наназад се обидуваше да се огради, ја лажеше јавноста велејќи дека не бил запознаен со спорната активноста.

Дополнително, Шилегов тврдеше дека учесниците не биле организирани од средните училишта. Шилегов манипулираше со јавноста, но пред се со загрижените родители кога тврдеше дека настанот го шокирал и него, а од ова јасно се гледа дека тој знаел, го одобрил и финансирал проектот со скандалозна содржина.

Дополнително, овој проект е еден од програмските цели на градот Скопје. Шилегов тврдеше дека ја споделува загриженоста и осудата за настанот, обидувајќи се да ја одбегне одговорноста која ја има. Со раскинувањето на договорот Шилегов даде директно признание.

Очекувано е градот Скопје да се грижи и да фининасира проекти кои ќе овозможат развој на младите во Скопје, но Шилегов финансира проекти чија содржина задира во целокупниот развој на младите средношколци.

Почитувани граѓани,

Работењето на Шилегов мора да биде предмет на ревизија. Одговорност за злоупотреба на парите на граѓаните мора да има“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања