Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шилегов ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
242540359_2671098966532615_4411733976704507129_n

— реклама —

Шилегов е повторувач и препишувач, нема свои проекти и ги копира и се фали со тие на ВМРО-ДПМНЕ. Со денови Шилегов ги копира проектите на Данела и половично ги презема презентирајќи ги како свои. Но Шилегов не застана тука, туку почна да презентира и проекти кои ВМРО-ДПМНЕ ги реализирало како свои, обвинува опозицијата.

— реклама —

„Подземната сообраќајница кај Јужен Булевар во која Шилегов се слика, а е дел од обврската која ја презема „Лимак“, како надомест за изградба на станбено деловен комплекс над истата е проект на ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски кои го договорија проектот.

Шилегов вчера се фалеше и со турбо кружниот тек кај Момин поток, кој е презентиран од Коце Трајановски во 2017 година, а за кој е оставена и целосна документација.

Жално за Скопје е што Шилегов и после 4 години мандат нема направено ништо па мора да се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ.

Веднаш по изборите и промената на градската власт, повторно ќе продолжат делата и проектите, како во Скопје, така и во сите општини низ Македонија“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања