Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Шилегов го шета градоначалникот на Подгорица низ Скопје, за да му се пофали со проектите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
2

Денес градоначалникот Шилегов заедно со градоначалникот на Подгорица, Иван Вуковиќ, кој престојува во дводневна посета на Скопје, го посетија новиот мост на „Булеварот АСНОМ“ кој е во завршна фаза на изградба.

Новиот премин преку Вардар ги поврзува улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост е долг 150 метри, со 6 коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со овој нов мост кој е модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје.

— реклама —

Булеварот АСНОМ се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром. Со довршувањето на „Булевар АСНОМ“, граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче ќе имаат уште едно поврзување со центарот на градот. И на Булеварот АСНОМ, како и на новиот мост, се предвидени велосипедски патеки, а по него ќе се движат и нови автобуски линии.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања