Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шилегов и Јанчева на предновогодишна забава испиле 92 илјади денари, пари на граѓаните, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
hrana-1

Секој ден, нов скандал од страна на функционерите на СДСМ кои изминатите години го опљчкаа македонскиот народ. Нервозата на СДСМ и нивните бивши функционери е се поголема, бидејќи на виделина испаѓаат криминалите и скандалите кои ги правеа со години, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Луксузирање во ресторани со скапи пијалоци и специфични јадења се задоволството на Петре Шилегов и Љубица Јанчева кои граѓаните ги чини илјадници евра.

Предновогодишна забава во организација на Шилегов, сметката ја потпишува Јанчева, а ја плаќаат скопјани.

— реклама —

Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај, Шилегов и Јанчева на предновогодишна забава испиле и изеле 92 илјади денари, пари на граѓаните

Наместо проекти за доброто на сите скопјани, парите и времето администрацијата предводена од Шилегов и Јанчева ги трошеле гоштевајќи се во ресторани.

Додека пола милион луѓе живеат во сиромаштија, Шилегов и Јанчева пиела ексклузивни виски, како Џони Вокер старо 12 години, Џејмисон, Џек Дениелс, како и Чивас Ригел.

На оваа прослава поранешниот градоначалник Шилегов имал посебно мени, посебна порција од бифтек на путер кои чинел 2.400 денари, пари со кои едно македонско четиричлено семејство ќе преживее една недела.

Со парите на скопјани се плаќа луксузот по ресторани на функционерите од СДСМ. Зголемена е паниката и нервозата во СДСМ бидејќи повеќе не може да се гоштеваат по кафеани“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања