Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шилегов и во 2019 година бил донатор на скандалозниот проект на скопскиот извиднички одред, вели Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
marija01102021

Шилегов со прекинувањето на договорот со првиот скопски извиднички одред и со оградувањето од активностите кои предизвикаа жестоки реакции во јавноста дава директно признание и докажа дека стравува од одговорност за тоа што Град Скопје е донатор на вакви проекти, обвини денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

— реклама —

„Поради скандалот кој се случил во извидничкиот камп во моментот малолетно девојче посетува психолог поради трауми, организаторите на настанот се повикани на распит, а Шилегов само тивко се обидува да ја одбегне одговорноста која ја има како донатор на проектот“, посочи Митева.

— реклама —

Според неа, актуелниот градоначалник се обидува да ја манипулира јавноста со тврдења дека во проектната документација доставена до Град Скопје ја нема наведено спорната активност.

„Согласно извештајот на веб-страната на првиот скопски извиднички одред може јасно да се види дека во 2019 година, градот Скопје бил донатор на истиот овој проект. Ова е Годишниот извештај од првиот скопски извиднички одред и јасно се гледа дека донатор е Град Скопје“, истакна партиката портпаролка.

Како што кажа таа, Шилегов како градоначалник е должен да биде отчетен пред скопјани за тоа каде и како се трошат средства од градската каса.

„Шилегов има обврска да даде одговор дали се информирал за тоа кој е обучувач за сексуалното образование кое го нуделе на младите, од каде добиле дозвола за негово спроведување, колку време се спроведува оваа обука, како во детали изгледале активностите, дали се изведувани повеќе години наназад и која е целта на кампот“, посочи Митева.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања