Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шилегов иако уште непобедил знае кој ќе му е заменик во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
shilegov

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на новинарско прашање за неговиот став во однос на темата отворена од лидерот на ДУИ Али Ахмети за претседател Албанец избран на избори, одговори дека е растоварен од национални предрасуди: „Сметам дека секој граѓанин во нашата држава има право да бира и да биде биран.“

— реклама —

Шилегов укажа дека со именувањето на покојниот Енвер Малиќи за заменик градоначалник, покажал дека е растоварен од предрасуди, и дека планира да го повтори тоа, бидејќи верува во заедништвото на скопјани:

„Скопје е град за сите, тоа го покажавме, тоа го докажавме. Јас сум градоначалник што обединува, којшто гради мостови. Не сум градоначалник којшто ги дели луѓето на вакви и онакви, ниту пак нашиот град го делам на лева и на десна страна. Скопје е град кој рамномерно се развива во изминативе четири години. Јас знам дека скопјани тоа го препознаваат и дека на тоа ќе одговорат силно на овие претстојни избори“, одговори Шилегов на заедничката прес-конференција со Висар Ганиу за инфраструктурата во Чаир.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања