„Шилегов има два ката повеќе од дозволеното од семејната зграда“, ВМРО-ДПМНЕ му поднесува кривична

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
shilegov-11

Шилегов имаше рок од 24 часа, кој полека истекува, за да покаже дозвола, платени комуналии или било каков документ за семејната зграда, во спротивно ќе му биде поднесена кривична пријава, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Но Шилегов одбра да молчи и да се крие. Бега од одговори затоа што е кабает. Тој има изградено два ката повеќе од дозволеното и сега од петни жили се обидува да го заташка овој скандал, мислејќи дека така ќе се спаси од одговорност. Но се лаже, фатен е жив. Шилегов беше избран и платен од граѓаните да го штити градот од урбанистичко дивеење, но тој избра да премине на страната на урбаната мафија. Тоа е исто како шумар да стане дрвокрадец.

— реклама —

Остана уште малку време Петре. Покажи ги документите инаку следи кривична која нема да може Заев да ја крие во фиока. Многу скоро ќе нема Луј Витон судство и обвинителство кое ќе ја штити мафијата на власт“ додаваат од опозициската партија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања