Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шилегов изгуби со 8.000 гласови, граѓаните се определија за промени, вели Митева

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Marija-Miteva

Шилегов изгуби во Скопје со разлика од 8.000 гласа, граѓаните во огромен број се определија за промени. Народот јасно даде глас против власта и против силно антивладино расположение, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Бројките го покажуваат тоа.

1. Во Општина Бутел:

— реклама —

Петре Шилегов изгуби со разлика од 408 гласа или (6%);

2. Во Општина Ѓорче Петров:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 2.696 гласа или (40%);

3. Во Општина Гази Баба:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 6.425 гласа или (79%);

4. Во Општина Аеродром:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 6.567 гласа или (72%);

5. Во Општина Кисела Вода:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 5.895 гласа или (81%);

6. Во Општина Карпош:

Петре Шилегов изгуби со разлика од 1.867 гласа или (20%);

Во советите на општините и во советот на Град Скопје Шилегов и СДСМ изгубија со разлика од над 50.000 гласа. И тоа:

1. Во Општина Бутел:

СДСМ изгуби со разлика од 3.617 гласа;

2. Во Општина Ѓорче Петров:

СДСМ изгуби со разлика од 2.873 гласа;

3. Во Општина Гази Баба:

СДСМ изгуби со разлика од 7.877 гласа;

4. Во Општина Аеродром:

СДСМ изгуби со разлика од 6.803 гласа;

5. Во Општина Кисела Вода:

СДСМ изгуби со разлика од 6.000 гласа;

6. Во Општина Карпош:

СДСМ изгуби со разлика од 784 гласа;

7. Во Чаир:

СДСМ изгуби со 844 гласа;

8. Во Скопје, разликата на советничките листи е 26.205 гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Желбата на огромното мнозинство скопјани е јасна, тие сакаат промени и поубава иднина. Тоа се гледа и по бројките кои потврдуваат дека споредбено со минатогодишните парламентарни избори на овие избори имаме нови 13.000 гласови во Скопје и тоа:

Во Аеродром нови 3.800 гласа, во Кисела Вода нови 1.500 гласа, Ѓорче Петров 800, Гази Баба 3.400 и во Бутел нови 3.000 гласа.

Почитувани скопјани,

Петре Шилегов е убедливо најнеспособниот градоначалник и тоа се потврдува на овие локални избори. Затоа ве повикуваме сите вас, граѓани и партии од опозицијата да се обединиме затоа што само еден чекор не дели од промените кои ги посакуваме, но пред се ги заслужуваме. Петре Шилегов е минато за Скопје“, додава таа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања