Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Шилегов: Нема да дозволиме некој од МКЦ да направи Расадник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
1-16

На денешната прес-конференција во МКЦ градоначалникот Шилегов ги коментираше најавите на Данела Арсовска да прави центар за младинско претприемништво во најголемата градска културна институција.

„Нема да дозволиме некој од МКЦ да направи Расадник“ изјави Шилегов, дообјаснувајќи се: „МКЦ е културна институција и е една од најдобрите во нашиот град. Разбирањето на градот, разбирањето на системот и општото разбирање на проблематиката на градот е нешто што секој кандидат треба да го има ако сака да биде градоначалник, а не пак да помислите од МКЦ да правите сала Расадник.

— реклама —

Арсовска во својата програма предвидува центар за младинско претприемништво во МКЦ – дејност којашто не е својствена за неговата мисија и основање. МКЦ отсекогаш бил културна институција за младите и децата во Скопје, а не бизнис инкубатор, или хаб за младинско претприемништво. Во него функционира галериски простор, киносали, концертни сали, планетариум и детски креативен центар и неговото мешање со бизнис активности и канцелариско работење може да го убие духот на институцијата и нејзино целосно пропаѓање како во случајот со Расадник, каде наместо со спорт, Данела Арсовска менаџирала со свадбени ресторани, кафулиња, сместувачки капацитети и дискотеки.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања