Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Шилегов остави долг на градот од 160 милиони евра и мост во Аеродром со стотина нерешени имотно правни односи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
shilegov-012

„160 милиони евра долг се кон веќе склучени договори по јавни набавки, договори во тек на склучување и заеми кои Шилегов ги земал. Расипникот Шилегов аматерски и непрофесионално се однесувал со се. Дури и проектот за мостот во Аеродром со кој се фали е не испланиран. Мост АСНОМ од Аеродром кон Гази Баба, од 100тина има само 18 решени предмети за исплата на земјиште. 12 предмети се уште во постапка без согласност за цена, 25 предмети во подготовка, 11 предмети со повеќегодишни имотно правни спорови меѓу сопствениците, 44 имоти имаат постапки со барања за приватизација,16 имоти имаат утврдено корисничко право“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Сите овие постапки ќе траат со години, а средствата на скопјани наместо да се наменат за конкретни проекти во инфраструктура, водовод, канализација, заштита на животна средина треба да бидат заробени затоа што Шилегов и СДСМ почнувале проекти без било каков конкретен план знаејќи дека не може да се реализира уште 10 години“, додаваат оттаму.

„На Скопје му требаат реални проекти и многу работи, нешто што со Шилегов го немаше“, посочија тие.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања