Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Шилегов со години го финансирал секс кампот каде се трауматизирани малолетни деца, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
izvidnici-696x522-1

Петре Шилегов со години го финансирал секс кампот каде се трауматизирани малолетни деца. Вчера објавивме документ - информација испратена до директорите на средните училишта на Град Скопје од кој се гледа дека и во 2021 година Шилегов го финансирал секс кампот, велат до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Според досега достапните информации. Шилегов го финансирал скандалозниот проект најмалку 2 години.

— реклама —

Залудни се обидите на Шилегов да се отргне од одговорност. Од документот кој вчера го објавивме се гледа дека од страна на Град Скопје е испратена информација до директорите на средните училишта на Град Скопје за тоа кои проекти се избрани на јавен повик и финансиски и поддржани од Град Скопје. Во тој документ јасно е наведено дека проектите се насочени кон остварување на програмските цели на Град Скопје во областа на образованието.

Шилегов знаел или морал да знае за проектот. Шилегов сноси морална и политичка одговорност за овој скандал.

— реклама —

Со пари на скопјани е финансиран проект со кој се нанесени тешки психолошки трауми врз десетици малолетни деца.

Шилегов е директно виновен за психичките лузни врз десетици малолетни деца“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања