Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Шилегов со клима уреди ќе се бори против аерозагадувањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Dfek9lLaHR0cDovL29jZG4uZXUvaW1hZ2VzL3B1bHNjbXMvTURZN01EQV8vNzRhNTUzODg1ZjZmMzc1MTRhZGMxNTY1MzNkN2VkNDcucG5nkZMCzQLkAIGhMAE-1

Градот Скопје за првпат досега распишува јавен повик за субвенционирање на инвертер клима уреди и други современи уреди за затоплување на домаќинствата, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето.

- За секој купен инвертер клима уред, секој граѓанин којшто ќе ги исполни условите за субвенционирање ќе има можност да добие половина од вкупната вредност на уредот, но не повеќе од 15.000 денари. Со оваа мерка повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.

— реклама —

За оваа намена во буџетот на градот, како што рече Шилегов, предвидени се 20 милиони денари, а тоа значи дека повеќе од 1.300 домаќинства од годинава ќе добијат можност евтино да ги затоплуваат своите домови, водејќи грижа за намалување на аерозагадувањето.

- Убеден сум дека оваа мерка заедно со другите мерки кои досега ги презедовме во рамките на нашите надлежности ќе значи уште еден чекор напред во борбата против загадувањето на воздухот во Скопје – додаде Шилегов.

— реклама —

Според анализите на Град Скопје, интересот кај граѓаните за набавка на посовремени уреди за затоплување е голем и поради тоа се одлучиле за субвенционирање на овие уреди и за да ги намалат трошоците на граѓаните.

Огласот за субвенционирање, како што најави градоначалникот, ќе биде објавен најдоцна до понеделник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања