Вработените во ЈСП „Скопје“ утре во 12 часот ќе протестираат пред Владата поради нередовна исплата на јавниот долг од страна на централната власт но и од страна на општините за превозот кој го врши претпријатието на учениците и на студентите. Поради ваквата одлука на Град Скопје и на ЈСП „Скопје“ се доведува во прашање нормалното функционирање на јавниот градски превоз во Скопје.
На социјалните мрежи денес се огласи поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.
„Мислам дека беЗплатен и беСплатен не е исто. Ама само мислам …“, вели Шилегов.