Промени тема
Контакт

Шилегов ветуваше тунели, чист воздух, а се сведе на сечење дрва и измама тешка 12.7 милиони евра, парите ги нема, велат од ВМРО ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
skopje-3

Петре Шилегов ветуваше препород на Скопје, а после 4 години неговата работа се сведе на сечење дрва и измама тешка 12.7 милиони евра со продажбата на Градската куќа, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

— реклама —

Имено Шилегов сеуште молчи каде се парите кои ги доби од продажбата на Градската куќа на ЕВН која не ја изгради, туку ја доби изградена во наследство.

Значи Шилегов не беше ниту способен да ја всели, а не пак да изгради нова. Парите од продажбата ги нема, а Шилегов упорно не кажува во чии џебови завршија. Неговиот капитален проект беше сечењето на дрвата кај Орце Николов.

— реклама —

Ги повикуваме институциите особено Обвинителството да проверат каде завршија парите од оваа зделка на Шилегов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања