Шилегов за Манчевски: Крваревме заедно на 27-ми и издржавме

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Summerland-1

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со објава на Фејсбук се осврна на повлекувањето од политиката на неговиот поранешен сопартиец и другар, Дамјан Манчевски.

— реклама —

— реклама —
„Се знаеме одамна. Бајаги години. Се сеќавам кога ме викна некаде во јуни 2013 и ми рече: ќе те прашам нешто, знам дека ќе одбиеш, ама мора да те прашам. И ме праша. И не одбив. И така станав портпарол на СДСМ.

Од тогаш, па до денес, поминавме многу. Ама баш многу. Години на тешки борби, години на принципиелно политичко дејствување, но и години кои што едноставно не можеш и не сакаш да ги избришеш од својата меморија. Крваревме заедно на 27-ми и издржавме. И носевме тешки одлуки. Заедно. И да. Успеавме. Македонија во НАТО, пред вратите на ЕУ.

Кога влегуваше во Влада за министер, ми рече, оди ти, исто е. Кога ме кандидираа за градоначалник, му реков, оди ти, исто е. Толку сме искрени еден кон друг (и ми беше шеф на штаб на изборите 2017).

И пред еден месец пак ме побара, да ми каже (праша) што да прави со понудата да помине во приватниот сектор и да ја напушти политиката. Прашање на кое само тој можеше да даде одговор. А сепак, одговорот го побара и од мене.

Не се сомневам во твојот успех друже. Затоа што знам што ти претставуваат предизвиците во животот.

П.С. Ова е за политичкиот емотивен дел. Си знаеш за нашата дружба која што продолжува“, напиша Шилегов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања