Силјаноска- Давкова: Заштита на човековата средина ни е приоритет , се обврзуваме за еколошки градови и намалување на загаденоста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

siljanoska-1

Носителката на изборна единица 1 Гордана Силјаноска – Давкова од пред спортската сала „Борис Трајковски“ во населба Карпош порача дека ВМРО- ДПМНЕ ги разгледала  сите барања од граѓаните и од разни организации кои се всушност инкорпорирани во програмата „Обнова“. Таа додаде дека како носител на изборна единица 1 ќе се залага за заштита на една од темелните вредности а тоа е заштита на човековата средина.

— реклама —

„Во уставот на Република Македонија една од темелните вредности е заштитата на човековата средина. Но тоа декларативно убаво звучи. Во реалноста повеќе наликуваме на ова зад нас на депонијата. Пред мене се барањата и предлозите за подобра животна средина на Еко планета„ истакна Силјаноска- Давкова.

Дополнително Силјаноска - Давкова истакна дека ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова на Македонија“ сериозно се залага за еко држава со огромен број на проекти кои ќе бидат со сигурност реализирани.

— реклама —

„ За да зборуваме за еко -планета ние прво треба да создадеме еко град, еко држава,па тогаш ќе имаме право да бидеме дел на еко платената. За жал далеку сме од тоа но мислам дека добро граѓаните треба деновиве да погледаат што се случува зад нас. Зошто? Зошто јас сум уверена дека набрзо оваа депонија ќе ја нема а зад неа ќе се вратат прекрасните слики од моето детство на шумата крај Вардар„ кажа Силјаноска – Давкова.

На крај Силјаноска – Давкова потенцираше дека ВМРО- ДПМНЕ е одговорна партија и партија која го слуша гласот на народот и граѓаните  дека скоро сите  идеи и сугестии се инкорпорирани во самата програма воедно и оние за заштита на човековата средина.

„Не можам а да не кажам дека овие барања и предлози се веќе вградени во програмата„ Обнова за Македонија“ на ВМРО- ДПМНЕ. Значи доаѓа еко времето, доаѓа свеста дека ние сме дел од природата и дека природата е постара од нас и дека мора да живееме во хармонија со неа оти пукајќи по неа си пукаме себеси„ појасни Силјаноска – Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања