Силјановска: Дали е власта тотално неспособна, па нејзиниот кандидат за претседател е загрозен?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
siljanovska-davkova

„Демокрација“ од Словенија објави интервју со кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова во кое таа истакна дека ЕУ е далечна цел за Македонија и дека препораки за почеток на преговори Македонија нема да добие ни на следниот самит.

— реклама —

„Во НАТО ќе влеземе, но тоа е полесниот дел од задачата, бидејќи зависи од геополитички околности. ЕУ е далечна цел со оглед на кршењето на сите Копенхашки критериуми во текот на изминатите две години. Затоа, препорака за почеток на преговори, Македонија нема да добие ни на следниот самит. Со поразот на оваа власт, ќе се фокусираме на реформите потребни за членство во ЕУ со поддршка на нашите партнери од регионот како Словенија“, вели Силјановска.

„Во времето кога Македонија поднесе тужба пред Меѓународниот суд на правдата во врска со ветото на Грција на самитот на НАТО во 2008, имаше силни притисоци и критики, но ние го добивме спорот. Штета е што владата на Заев не знаеше да ги искористи тие аргументи“, вели Силјановска.

— реклама —

Исто така таа запраша дали власта е тотално неспособна, па нејзиниот кандидат за претседател, Стево Пендаровски е загрозен.

Пендаровски е човек кој израснал во безбедносните структури, од портпарол до национален координатор за НАТО, советник за национална безбедност, итн., и релативно доцна стана дел на академската фела. Интересен беше стартот на неговата (пред)кампања кога изјави дека е следен од некакви тајни служби, што мене лично ме наведе да прашам: дали има пилот во авионот? Дали е власта тотално неспособна, па нејзиниот кандидат за претседател е загрозен? Или станува збор за политичка пресметка? Јас само потсетувам дека за амбиентот за фер и демократски избори е одговорна актуелната влада“, вели Силјановска

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања