Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library7rdgv41g9e2658sL4Nw

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес им ги додели наградите на најдобрите пливачи на 39. Охридски пливачки маратон, кој се одржа на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид.

— реклама —

Во женска конкуренција триумфираше аргентинската пливачка Мајте Ален Пука, која го освои и ловоровиот венец, додека во машка конкуренција првото место му припадна на Италијанецот Алесио Окипинти.

— реклама —

Особено успешен настап имаше 17-годишниот македонски пливач Петар Цеков, кој стигна трет до целта и го освои бронзениот медал.

— реклама —

Сиљановска-Давкова, која е покровителка на маратонот, им честиташе на победниците и на сите учесници, истакнувајќи ја нивната издржливост, посветеност и спортски дух и посакувајќи им нови спортски успеси.

— реклама —

На годинашното издание на маратонот, на 25-километарската патека од Свети Наум до Охридското пристаниште, учествуваа 16 пливачи од осум држави – 11 во машка и пет во женска конкуренција. Меѓу нив беа и четворица македонски натпреварувачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8vvl0g874voq9pE90Wa

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryqd923484dv1schWOY9U

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryoflq4q9htrrcfuQymqS

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryesqajfnpgjvqd9kh44p

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања