Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова: Добрососедските односи треба да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за блокади

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 31 минута -

Македонија
media-library8vvl0g874voq9pE90Wa

Уставните измени, реформите во правосудството и борбата против корупцијата беа меѓу главните теми на собраниската расправа за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека добрососедските односи не треба да се претвораат во средство за блокирање на евроинтеграциите, додека евроамбасадорот Михалис Рокас нагласи дека уставните измени остануваат услов за продолжување на пристапниот процес.

— реклама —

Сиљановска-Давкова оцени дека добрососедските односи треба да бидат мост кон Европската Унија, а не механизам за блокади. Таа повика на заеднички напори од Македонија, соседните земји и европските партнери за надминување на застојот.

— реклама —

„Секој што мисли дека услов се само уставните промени не е искрен. Добрососедските односи треба да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за блокади“, истакна претседателката.

— реклама —

Рокас, од друга страна, посочи дека Македонија има високо ниво на подготвеност во одредени области и целосна усогласеност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Тој го поздрави напредокот во спроведувањето на реформската агенда, дигитализацијата и образованието, но предупреди дека сериозни предизвици остануваат во судството, јавната администрација и борбата против корупцијата.

— реклама —

Евроамбасадорот нагласи дека следната фаза од евроинтеграциите зависи од исполнувањето на преземените обврски, меѓу кои се уставните измени и реформите во јавната администрација и правосудството.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library8vvl0g874voq9pE90Wa

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryqd923484dv1schWOY9U

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryoflq4q9htrrcfuQymqS

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Македонија | пред 1 месец

media-libraryesqajfnpgjvqd9kh44p

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања