Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-libraryqd923484dv1schWOY9U

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Маја Сивањанам.

— реклама —

На средбата беше истакнато долгогодишното македонско-британско пријателство, чии корени датираат од крајот на 19. и почетокот на 20. век, како и значењето на стратешкото партнерство за поттикнување нови инвестиции во транспортот, енергетиката и здравството.

— реклама —

Сиљановска-Давкова нагласи дека двете земји, како сојузници во НАТО, имаат заедничка одговорност за зачувување на мирот и стабилноста во Европа. Таа се заблагодари за долгогодишната британска поддршка во реформите на одбраната и военото образование.

Амбасадорката Сивањанам изрази подготвеност за продлабочување на соработката со македонските институции, посочувајќи ја важноста на владеењето на правото, демократијата, образованието на младите и унапредувањето на еднаквоста и инклузијата.

— реклама —

Двете соговорнички оценија дека постојат можности за поширока соработка во културата, науката и образованието, особено преку програмите на Британскиот совет и стипендиите „Чивнинг“.

На крајот од средбата, претседателката ѝ посака на амбасадорката добро здравје, среќа и успех во извршувањето на дипломатската функција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryoflq4q9htrrcfuQymqS

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryesqajfnpgjvqd9kh44p

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrbldrck0vj0n6d9QGLo

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот, Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycvkqspucmmlicBX2BnV

Сиљановска-Давкова се сретна со претседателката на турската Црвена полумесечина

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања