Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryesqajfnpgjvqd9kh44p

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со извршниот директор на Проект ХОУП (Project HOPE), Раби Торбеј, и претседателката на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation), Сиен Авалос, на која беше истакнато значењето на меѓународната поддршка за унапредување на здравствениот систем во Македонија.

— реклама —

Сиљановска-Давкова посочи дека Проект ХОУП повеќе од три децении придонесува за јакнење на здравствените капацитети, унапредување на знаењата и вештините на здравствените работници и воведување современи технологии во здравството.

Таа ги поздрави донациите на современа медицинска опрема, примената на иновативни методи и вложувањата во човечките ресурси преку клинички обуки со меѓународна експертиза.

— реклама —

Според претседателката, меѓународните партнерства имаат важна улога во создавањето одржливи системски решенија што на долг рок ќе придонесат за подобрување на квалитетот на здравствените услуги.

— реклама —

Оценувајќи ја работата на Проект ХОУП како исклучително успешна и инспиративна, Сиљановска-Давкова се заблагодари за посветеноста и присуството на организацијата во Македонија.

Торбеј и Авалос ги претставиле досегашните и тековните здравствени и хуманитарни програми и активности. Тие изразиле задоволство од соработката со македонските институции, особено со здравствените работници, и ја потврдиле подготвеноста за продолжување на помошта и поддршката.

— реклама —

Проект ХОУП е глобална организација со 65-годишно искуство, која е присутна во повеќе од 25 земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8vvl0g874voq9pE90Wa

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryqd923484dv1schWOY9U

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryoflq4q9htrrcfuQymqS

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryrbldrck0vj0n6d9QGLo

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот, Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања