Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова им честиташе на српските граѓани за изборниот исход

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryal8cp76ncnqocgeAlMD

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова им честиташе на граѓаните на Србија за изборниот исход, оценувајќи дека покажале демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт.

— реклама —

„Честитки за исходот од денешните избори во Србија. Српските граѓани покажаа демократска зрелост преку мирен трансфер на политичката власт“, напиша Сиљановска-Давкова на социјалната мрежа Икс, во објава на англиски јазик.

— реклама —

На предвремените парламентарни избори во Србија, според објавените проекции, најголема поддршка добила опозициската Студентска листа. Српскиот претседател Александар Вучиќ го признал поразот на својата политичка листа пред објавувањето на конечните официјални резултати.

— реклама —

Според проекциите, Студентската листа освоила меѓу 51 и 52 отсто од гласовите, што би ѝ донело од 138 до 140 пратенички места во парламентот со 250 места. Листата на Вучиќ, според истите процени, би добила од 103 до 105 мандати.

— реклама —

Изборите се одржаа по речиси две години студентски протести против корупцијата и власта во Србија, кои прераснаа во пошироко движење за политички и институционални промени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова во Анталија на средби со светски лидери во рамките на климатскиот самит

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-library9v232pi8f02l7vucjja

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Македонија | пред 4 дена

media-library3jrucfj47n3q9Pm3jhg

Силјановска-Давкова ставила вето на мандатот на членовите на тендерските комисии, но не и на факторот „најниска цена“ – власта утре може повторно да ги изгласа спорните измени

Македонија | пред 5 дена

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања