Промени тема
Контакт

Силјановска Давкова: Костурот на државата е скршен, потребен ни е нов концепт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Siljanovska-Davkova-24.02

Професорката и пратеник Гордана Силјановска Давкова, на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ „Нов договор - заеднички патриотизам“, посочи дека потребно ни е враќање на европските темели каде се цени индивидуата, партизацијата на институциите и бркање на способните и стручните млади е реалност, скршен е костурот на државата, но тоа мора да се промени со новиот општествен договор за да не се распадне општеството.

-Демократскиот политички лепак е граѓанството, затоа треба да се зборува за неговото височество граѓанинот и индивидуата како извор на суверенитетот, тој конститутивен елемент обединува, ние можеме да се натпреваруваме и да бидеме рамноправни пред Уставот и законите како индивидуи, а кај нас за жал дури и она начело кое можеше да биде многу важно правична и соодветна застапеност не функционира, посочи Силјановска Давкова.

— реклама —

Таа вели дека начелото за правична и соодветна застапеност не значи дека лидерите на сегментите треба кого сакаат да вработуваат и кого сакаат да поставуваат на функции, туку истото значи дека треба да се почитува процентот на застапеноста во општеството, но никогаш без правичното, односно стручноста и компетентноста.

Само ако луѓето се исти во критериумите одреден етникум би имал предност, а доколку се нема компетентност и стручно туку само волјата на лидерот на партијата тоа не е ни правично ни соодветно, појасни Силјановска Давкова.

— реклама —

Таа објасни дека институциите во Македонија се наполнија со партиски војници, се’ се „фамилијализираше“ и така се скрши костурот на државата, па по тоа потребен ни е нов концепт и за да не се распадне општеството треба да посегнеме по европските темели, тоа е знаењето, стручноста и компетентноста на индивидуата.

— реклама —

Се што персонифицираше знаење и компетитивност и стручност го избркаа намерно и сеуште ги гонат моите најдобри студенти, Албанци, Турци, Роми, Власи, Македонци, а останаа оние кои немаат избор, и оние кои единствено занимање им е да одлучуваат за другите, ете тоа мораме да го смениме, како, со еден нов општествен договор, истакна Силјановска Давкова на денешната трибина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања