Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Сиљановска-Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library0dmbn3slpo9ab4oAXFq

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван учествуваше на панел-дискусијата организирана од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, во рамките на активностите на Европската коалиција против дрогата (ECAD).

— реклама —

Во обраќањето, претседателката истакна дека Западен Балкан претставува транзитна зона за трговијата со дрога, нагласувајќи ја сериозноста на овој предизвик и опасноста од влијание на таканаречените „трети актери“. Таа посочи дека не смее да се потцени растечката улога на наркоструктурите во економијата, политиката и општеството. Предупреди дека криминалните мрежи стекнуваат моќ да влијаат врз партиските и политичките процеси и институции.

— реклама —

„Неопходно е Европската Унија да ја преиспита својата политика на проширување низ призмата на Западен Балкан, имајќи ја предвид безбедносната димензија“, истакна Сиљановска-Давкова.

— реклама —

Таа потенцираше дека интегрирањето на Западен Балкан во ЕУ може да биде добар пример на превентивна, наместо реактивна европска политика. Според неа, опасно е тоа што во трговијата со дрога се именува како „modus operandi“ да прерасне во „modus vivendi“.

— реклама —

Претседателката, на крајот, потсети дека европската политичка и безбедносна архитектура е неразделна од балканската.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryii9h7qm25cpuclzxhUG

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Македонија | пред 4 седмици

media-librarybptu34mbdlo8aQ6fBw6

Сиљановска-Давкова: Принципите на еднаквост, солидарност и кредибилност во НАТО, да се применуваат и во ЕУ

Македонија | пред 1 месец

media-librarytvl79k150bp3c29ZUJV

Средба на Сиљановска-Давкова со командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф

Македонија | пред 2 месеци

media-library9n9eof2t3ao72VFuB5o

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема „Уставните трансформации на патот кон ЕУ: реформи или уставен инженеринг?“

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања