Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Силјановска Давкова: Нема датум за преговори со ЕУ, се изморив од прослави, а не е време за славење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

siljanoska

Професор Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 1 на дебатата во телевизија 24 се осврна на патот на Македонија кон ЕУ.

— реклама —

„Преговарачката рамка не значи датум за преговори. Таа се концентрира на три моменти, принципи, суштина и процедура. Членките на ЕУ откако ќе ја разгледаат имаат право да укажат и да дадат забелешки“, рече Силјановска.

— реклама —

Професорката објасни дека со преговарачката рамка не се враќа македонскиот јазик и не станува официјален во ЕУ, тоа што документот е на македонски станува збор за вообичаен пристап треба да се преведе на јазикот на државата.

— реклама —

„Има фази јазикот да стане официјален. Сега станува збор за легитимирање на јазикот. Кога ќе ги завршиме преговорите прво ниво е договор, второ правна регулатива број 1 од 1958 година, а  јазиците стануваат службени кога ќе се прифатат амандмани на правната рамка од 1958 и повторно е потребен консензус. Незнаење и на јазичната политика на ЕУ дека само во Европскиот парламент има јазичен мултилингвизам, дури и во Судот за правдата францускиот е службен, во Европската банка англискиот е службен, значи дури по завршување на преговорите кога ќе се соочиме со регулативата од 1958 година тогаш ќе стане официјален“, објасни професор Силјановска.

— реклама —

Според Силјановска „нема крај на радоста по не знам кој пат се радуваме“, рече таа и додаде „имам слика на Заев со Димитров, Османи, Анѓушев како ја дочека веста за датум на преговори“.

„Се изморив од прослави, не е време за славење зошто овие избори ќе бидат важен критериум за односот кон нас во рамки на првиот кластер“,  рече Силјановска.

Она што ме  загрижува, рече Силјановска, и посочи на Коѕијас кога во еден документ вели дека Грција се води од националните интереси, а не од евроинтеграциските аспирации на соседот. Се надевам работите во од, ќе добијат друга димензија, кажа Силјановска.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања