ВМРО ДПМНЕ изборните митинзи традиционално ги започна од Охрид. Партискиот врв, но и симпатизери и членови на ВМРО ПМНЕ го преплавија плоштадот во Охрид.
Додека се обраќаше кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова, граѓаните викаа Избори .. Избори...
„Ние сме во моментов разочарани, понижени, навредени, но длабоко мотивирани и мирни затоа што веруваме Македонија. Тие се вознемирени, затоа што во химната ја нема Северна. Нивната Северна, Прличев вака би ја опишал:
Пискотници се слушаат од Галичник до Река, што тешка несреќа ги збра и мажите и жените, што гласи тажна ека та навева сал коб и зла“, истакна Силановска Давкова.
Кандидатот за престедател од ВМРО ДПМНЕ во своето обраќање уште рече:
„Ветуваа, реформи, независно судство, борба со корупцијата, но со што сме соочени, со хибриден режим - наместо парламент, имаме едногасно комунистичко собрание - наместо правосудтво, кривосудрв, реваншизам и селективна правда.

Замислите во една од најсиромашните земји која има дури 26 министри ништо не сторија сем Преспанскиот договор и Промената на името. Јас не сум против договори, но во договорите има две страни кои треба да се рамноправни, за жал едната е хеленската република другата е безимена. Нашиот устав вели дека меѓународните преговори ги скучува претседателот во име на државата. Заборавија дека министерот не е овластен да потпишува вакви договори во име на народот. Ние сме за право, правда и морал, рече Силановска Давкова.
Таа го цитираше и великанот Бернард Шо кој велел:
„Може да сменете облека, идеологија, ама татковна никогаш не можете да смените“.
„Што треба да правиме, треба да победеме, треба да отвориме пат за предвремени избори за ново парламентарно мнозинство. Не велам дека ако ме изберите дека веднаш ќе го сменам името, тое е невозможно, но сигурна сум дека ова име нема иднина. Уставот е процес не е состојба, ќе дојде одговорен претседател претседател од народот, со народот и за народот, ќе дојде одговорен парламент, кој ќе ја почитува опозиција. Ќе дојде нов устав кој ќе го брани уставот со знаење и морал. Тогаш ние со уставна промена ќе го заштитиме името со клаузула за непроменливост.
Нивната филозифија е кажувам, заборавам, негирам...
Нашата е кажувам, помнам, почитувам...
Зошто и на почетокот се вели дека речта , зборот,.. а претседател неможе да биде некој кој нема збор, и не си го почитувам зборот, тој не си ја почитува вашата доверба.

Јас ветувам дека ќе бидам претседател по свое и ќе го почитувам уставот. Ќе водам економска, културна, научна спортска диполматија. За таква дипломатија требаа квалификувани луѓе.
Ќе го користам ветото секогаш кога се работи против уставот, истакна во дел од своето обраќање кандидатот за претседател од ВМРО ДПМНЕ од Охрид Гордана Силановска Давкова.