„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Силјановска Давкова призна пораз: По овие избори ништо повеќе нема да биде исто

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

davkova-poraz

 

— реклама —

Пресс конференција во ВМРО ДПМНЕ. Пред симпатизерите и членството се обрати Гордана Силјановска Давкова.

-Заврши изборната трка, заврши изборната сага за мене невообичаена. Чудно се чувствувам. Бројките говорат за пораз, обично поразените не се чувствуваат добро, но јас никогаш не сум се чувтсвувала подобро, побогато поблагородно. Од среце ви благодарам што иако не бев член толку многу се зближив со унијата на жени, со симпатизерите со членството, а најмногу со граѓаните.

— реклама —

Ние слушаме се, а јас слушам дека деновиве сум се подмладила. Тоа е поради граѓаните. Јас не знаев дека директните средби со нив, затоа што верував дека ако им се обраќам нив можам да помогнам во градењето на демократија во земјава која ја нема, и добив дијалог кој ми покажа дека допира до нив, до нивниот ум и срца, и верувајте тоа ме подмлади, рече Давкова.

Таа потенцираше дека е задоволна од учеството во изборната трка..

-Денешниов ден ми личеше на Вивалди. На четирите годишни времиња. Признавам дека утрото почна со дожд , наликуваше на зима, но дека на крај ќе заврши како пролет. Претпоставувам заврши како пролет за победниците, но за мене не е зима. Верувајте, да добиете речиси 370 000 гласови, не е воопшто малку.  Јас како поединец нити како кандидат на ВМРО ДПМНЕ не ја згубив битката.

-Некој може да помисли дека наивно влегов во политиката по 30 децении. Јас сеуште мислам дека политиката има логика ако се перципира како уметност на возможноста, во смисла да подобрите нешто, да внесете нешто ново, да критикувате, да посочувате на добрите европски практики и приказни и да нудите решенија. Се обидов да го направам тоа, но неможам да не кажам дека политиката во Македонија сеуште не е уметност и дека сеуште е во рацете на партиите, тие одлучуваат каде ќе одат гласовите, а не граѓаните.

Резултатот е јасен, но прашање е дали овој резултат со поразениот дали води кон помирување и обединување или означува поделба внатре во државата по повеќе основи, и прашање е дали синтагмата „Заено одиме напред“, навистина го ветува тоа, рече Силјановска Давкова.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања