Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова се сретна со Димитрија Доксевски, директор на „Браќа Манаки“, и Марија Димитрова, претседателка на Друштвото на филмски работници

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarygd70jfk7bh8kamb9TbN

Во пресрет на 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е покровителка на фестивалот, се сретна со директорот Димитрија Доксевски и претседателката на Друштвото на филмски работници, Марија Димитрова.

— реклама —

На средбата Доксевски, актер, сценарист и продуцент, и Димитрова, продуцентка, ја претставија годинешната фестивалска програма, која опфаќа повеќе од 80 филмови и над 20 едукативни содржини посветени на филмската камера и специфичниот визуелен јазик.

— реклама —

Годинешното издание ќе го збогатат значајни имиња од светската кинематографија. Меѓу нив е Дан Лаустсен, кому ќе му биде доделена „Златна камера 300“ за животно дело, како и Џеф Кроненвет, добитник на специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност.

— реклама —

На фестивалот повторно ќе гостува и полско-американскиот кинематографер и двократен добитник на „Оскар“, Јануш Камински, кој во 2020 година ја прими „Златна камера 300“.

— реклама —

Според Сиљановска-Давкова, долгогодишната традиција и високите уметнички стандарди го потврдуваат „Браќа Манаки“ како фестивал со меѓународно значење. Таа оцени дека Битола, особено кога фестивалот почнува и завршува со македонски филмови, станува место на светски кинематографски и културен дијалог и натпревар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryn9cc2k69tenhd0nkGhH

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Албулена Хаџиу

Македонија | пред 6 дена

— реклама —
media-librarym3e8b6ldf85e9m5gR1n

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryal8cp76ncnqocgeAlMD

Сиљановска-Давкова им честиташе на српските граѓани за изборниот исход

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryq37227ns8g612WjVBsI

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања