„Претрес“ на Зоран Витанов: Како пропаднаа шемите на Лајконет со која капитулираа куп Македонци?
6CWg-VZMIC8

Силјановска: Ќе ги привлечеме разочараните од СДСМ и „Шарената револуција“ да гласаат за мене

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
60A5DC4D-94C9-49CF-B79D-F7F6F2B7E738

Добровечер бројни роднини, зошто дома сум, им се обрати на почетокот на митингот претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова на Кичевци. Таа му се заблагодари на ВМРО-ДПМНЕ што отвори врата за неа иако не е член на партијата.

— реклама —

– Иако сум непартиски кандидат, ВМРО-ДПМНЕ го направи вистинскиот чекор, демократски, реформски, победнички, зошто заедно ќе ги привлечеме не само членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, туку и членовите и симпатизерите на коалициските партнери на коалицијата „За подобра Македонија“, но и неутралните членови, како и разочараните членови од СДСМ, разочараните од „Шарената револуција“ – рече Силјановска.

— реклама —

Таа додаде дека Македонија и географски и културно, и историски секогаш била дел од Европа. Силјановска потсети дека за Западен Балкан велат дека е Ахилова пета на ЕУ.

— реклама —

– Ама јас која предавам, не само Уставно право туку и Европско Уставно право ги убедувам студентите тоа е нашиот заеднички дом. И дека не се оди во ЕУ качени на „Ориент Експрес“ кон Брисел. Туку по ЕУ стандардите се носи дома. Тоа ќе го направиме ние – посочи Силјановска Давкова.

— реклама —

Според неа, единствената промена што ја направила власта, закитени со придавката „реформска влада“ е промената на името.

– Од владеење на правото јас не гледам ни траг, ни глас. Нема владеење на правото без поделба на власта. А, кај нас власта е концентрирана во рацете на извршната власт. Во рацете на премиерот. Тогаш не може да има спреги и кочници. Тогаш нашите слободи и права се загрозени. Зошто ние учиме дека секоја власт се заканува да ве корумпира. Апсолутната власт апсолутното. Затоа секој ден се соочуваме со скандали. Станавме скандалозна земја. Меѓутоа мора да го смениме ова – нагласи Силјановска Давкова.

Таа повтори дека по нејзината победа на претседателските избори премиерот мора да распише итно предвремени парламентарни избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања