Промени тема
Контакт

Силјановска: Многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
gordana-siljanovska-davkova

Професорката и кандидатка за претседател на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова во интервју за весникот ВЕЧЕР, вели дека нејзините противкандидати немаат проблем со новото име, но таа има.

За мене е најважно дека покрај поддршката на ВМРО-ДПМНЕ ја имам сета слобода да ја моделирам кампањата, да имам сопствена изборна програма и да испраќам пораки до електоратот согласно со моето лично и професионално кредо, а тоа е право и правда за Македонија. Убедена сум, вели во интервјуто кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, дека многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета. Ајде да почнеме со поправање на штетите на оваа власт, па за неколку години да дојдеме во ситуација која сега можеби се чини невозможна“, порачува Силјановска Давкова.

— реклама —

На прашањето дали е партиски или натпартиски кандидат таа вели дека ја цени поддршката на ВМРО- ДПМНЕ, но важно е да има слобода при изборната кампања.

„Да ве потсетам дека ВМРО-ДПМНЕ организираше отворен и фер натпревар во рамки на партијата и дека мене не ме “кооптираа” или “избра” картел на партиски врхушки. Тоа што партијата се покажа отворена кон личност, која доаѓа надвор од нејзините редови и притоа е жена, зборува за значителен прогрес. Второ што сакам да нагласам е дека освен одлуката на Конвенцијата, јас на своја страна ги имам и потписите на граѓаните, поддршката на поголем број помали партии (од кои неколку ги претставуваат и другите етнички заедници), но и поддршка на колеги, интелектуалци, уметници, итн. Сепак, за мене е најважно дека покрај поддршката на ВМРО-ДПМНЕ ја имам сета слобода да ја моделирам кампањата, да имам сопствена изборна програма и да испраќам пораки до електоратот согласно со моето лично и професионално кредо, а тоа е право и правда за Македонија. Убедена сум дека многу скоро јавноста ќе се убеди дека сум личност, а не нечија марионета“, вели Силјановска Давкова.

— реклама —

Силјановска нагласува дека за неа е најважно дека Македонија преживува и минува премрежија и вели дека сега е време да ја ставиме на нозе и да тргнат нештата по патот по кој одат демократиите и социјалните држави во кои во центарот на политиката е човекот, а не елитите.

— реклама —

Целото интервју може да го прочитате ТУКА.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања