„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Сиљановска обвини за хајка по спорните помилувања, па го кажа новиот состав на Комисијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
siljanovska-davkova-1-2

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова го избра и соопшти новиот состав на Комисијата за помилување. Пред тоа, таа посочи дека кај претходниот состав на Комисијата не гледа никаква грешка во постапувањето, кога беше помилуван и член на нарко-банда. Сиљановска-Давкова посочи и дека таа нема никаква грешка.

— реклама —

„Хајката што се случи по медиумите е интересен феномен. Колегите не згрешија. Во ништо не згрешив ниту јас. Затворениците се луѓе, помилувањето е давање на милостина. Комитетот за превенција на тортура и нечовечко постапување ни упатува и критики дека кај нас има најниски помилувања“, рече претседателата.

Таа кажа дека во нејзиниот тим за помилување немало и нема да има актуелни обвинители, судии, адвокати и беше децидна: „Јас сум против тоа“.

— реклама —

Пензионираната врховна судијка Милка Ристова ќе биде претседателка на новата Комисија за помилување во кабинетот на претседателката.

Членови се:

-професорката по кривично право од Правниот факултет „Јустинијан Први“, Александра Груевска-Дракулевски,

-професорот од Факултетот за безбедност Оливер Бачановиќ,

-доктор по психолошки науки Драгана Батиќ,

-професорката од Правен факултет, Александра Груевска Дракулевски,

-професорот од тетовскиот правен факултет Афет Мамути,

-професорката по казнено право од Универзитетот на Југоисточна Европа, Блерта Ахмеди Арифи,

-магистер Доан Сулејманоски, кој доаѓа од невладиниот сектор.

Првата седница, Комисијата за помилувања ќе ја одржи утре.

Претходните членови на Комисијата поднесоа колективна оставка по само три месеци работа.

Оставките беа по острите реакции во јавноста откако по повод Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври, претседателката Силјановска помилува десет осуденици, меѓу кои беше и Акиф Равмановски, припадник на нарко кланот „Барон“. Помилувани беа и поранешниот битолски градоначалник Владимир Талевски обвинет во случајот Транспортер и Маријан Ефремов првоосомничен во аферата „Шпион“.

Претседателката е на став дека поради законските ограничувања за проверки и мешање во работата на судовите и на обвинителствата, неправедно настрада претходната Комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања