ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Силјановска: Омбдусманот да започне ревизија на вработувањата на блиските на функционерите и да ја исправи неправдата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
gordana-siljanovska

Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател на државата за непотизмот реагираше на својот Фејсбук профил.

— реклама —

„За вработувањата на синови, ќерки, сестри, и други блиски роднини на партиски и државни функционери

Апелирам Народниот правобранител да покрене постапка за утврдување на прекршување на едно од основните права на граѓаните, правото на еднаквост при остварување на правото на работа.

— реклама —

Стотици можеби илјадници луѓе се жртви на партиски инжинеринг во кој од процесот на пристап до вработување се елиминирани луѓе со високи квалитети.

Високо едуцирани кандидати, вредни, искусни експерти, студенти, магистри, доктори на науки со највисоки оценки станаа жртви на системот за да се вработат блиски роднини на актуелни политичари во врвот на партиите и власта.

Наспроти студенти со просек 10 во јавните претпријатија се вработуваат луѓе за кои воопшто не дознавме какви квалификации поседуваат.

Не очекувам оваа власт да го спречи непотизмот на своите највисоки претставници.

Но верувам дека Омбдусманот може по анализа на процедурите при вработување на децата и роднините на политичарите да започне ревизија на оваа дискриминација со која ќе биде исправена неправдата.

Без обезбедување еднаквост за сите свесно се туркаат младите луѓе надвор и се зголемува недовербата на граѓаните кон владеење на правото и принципот на еднаквост кој е еден од темелите на нашиот уставен поредок.

II. ОСНОВНИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ

1. Граѓански и политички слободи и права

Член 9

Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба.

Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“, напиша Силјановска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања