Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Сиљановска: Овој 8 март непосредно по несфатливата смрт на Ивана и Катја, тешко ми е да го доживеам како ден на жената

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarys17ksvkf77ccd3lJJXY

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

По смртта на Ивана и Катја сизифовски напор е да зборувам за закони за заштита и превенција од семејно насилство, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, на собраниска седница посветена на 8 Март Денот на жената.

Долго се думав, дали има смисла да зборувам, по страотното банализирање на злото наречено семејно насилство до степен на фемицид. Во траурна атмосфера по смртта на Ивана и Катја, Сизифовски напори да потсетувам на женската историска борба за еднаквост за цивилизациски стандарди, за конвенции, за резолуции, за закони за превенција и заштита од семејно насилство, па дури и за измени на кривичниот законик. Зошто? Правниот илузионизам, дека нормата ги решава напластените и хронични проблеми, со длабоки корени во патријархалната и парохијалната култура, не култура, јас велам, жилавата традиција, маскулинизираната политика, жедна за супериорност и победа, што изродува војни, чии најчести жртви се невините жени и деца.

Тешко е секој 8 март да броиме нови жртви, да презентираме апдејтирани статистики, да дебатираме за политики, да усвојуваме стратегии посочувајќи ги речиси истите проблеми, презентирајќи брутални податоци, предлагајќи претходно предложени предлози, но непревземени мерки и активности.

И овој 8 март непосредно по несватливата смрт на Ивана и Катја, тешко ми е да го доживеам како ден на жената. Симболиката на празникот како да се губи во мракот на суровата непојмлива и неприфатлива реалност.

Пред сите нас е фундаменталното прашање: а особено за мене, дали навистина животот е неприкосновен, како што гарантира членот 10 од Уставот, дали ова важи за Рамајана, за Росица, за Ивана и за малата Каја, прашувам, шокира фактот дека во 2025 имало 4.745 пријави за семејно насилство и 6 случаи на убиство, а за 2 месеци во 2026 веќе 4 случаи на фемицид. Овие алармантни бројки се слика на општество во коешто е загрозено основното човеково право, правото на живот. Не цитирам статистика, туку нотирам пораст на институционалната превенција и на навремената, односно ненавремената акција. Да потсетам, зад бројките се кријат животни приказни, семејни трагедии, неостварени соништа, и животи.

Мислам дека клучен момент е оној на пријавувањето, ако жената се соочи со човек кој ѝ влева разбирање, поддршка, сигурност и надеж, таа ќе се охрабри да се избори за себе, ама ако биде пречекана од профил за кој навредувањето и тепањето се дел од животот, од заедничкиот живот, ќе се посомнева во ефектите од превземениот чекор и, за жал, ќе трпи.“, изјави претседателката.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryhbp6csn8ibsm2VK7ShM

Сиљановска-Давкова и Раши во Братислава: Словачка ја потврди поддршката за македонските евроинтеграции

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, ќе се сретне со словенечкиот државен врв

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryjqldpuiku9m41nKT9G9

Сиљановска на отворањето на Народната канцеларија: Ова е почеток на поотворена и подиректна комуникација со граѓаните

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

Сиљановска ќе учествува на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања