Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, ќе се сретне со словенечкиот државен врв

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryhlqseqcc0e156FpSMbX

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во официјална посета на Република Словенија.

— реклама —

 Утре, 18 мај 2026 година, понеделник, во Љубљана претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар. Предвидено е претседателките да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на македонската и словенечката делегација.

 Сиљановска-Давкова ќе оствари средба и со претседателот на Државниот збор на Република Словенија, Зоран Стевановиќ.

— реклама —

 Предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да положи венец пред Споменикот на жртвите од сите војни и жртвите поврзани со војните.

— реклама —

 Сиљановска-Давкова ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана и ќе оствари средба со членовите на Сојузот на Македонските културни друштва и црковните одбори. Таа ќе оствари средба и со македонски иселеници кои работат во областа на науката, културата, медицината.

 Претседателката ќе одржи состанок со членовите на Македонско-словенечкиот бизнис клуб, додека во Крањ ќе го посети Македонското културно друштво.

— реклама —

 Во вторник, 19 мај 2026 година, претседателката Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Љубљана на тема: „Уставни трансформации на патот кон ЕУ: Реформи или уставен инженеринг?“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye4r0mfg55iok82Lio1k

Сиљановска со средба со Ван дер Белен: Австрија ја потврди поддршката за македонскиот евроинтегративен пат

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryauur6t2mlf1t3KON77c

(Видео) Сиљановска на средби во НАТО, пред влезот ја пречекаа Руте и Шекеринска

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryhquk4frk3jpd2gR8kEk

(Видео) Сиљановска: Проблемот не е во ЕУ, туку во недостигот на политичка волја кај некои соседи

Македонија | пред 1 седмица

media-library36utiq3pfge06tSRhAf

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро за целото општество

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања