Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

(Видео) Сиљановска на средби во НАТО, пред влезот ја пречекаа Руте и Шекеринска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryauur6t2mlf1t3KON77c

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

— реклама —

При посетата на седиштето на НАТО, претседателката беше пречекана и од Радмила Шекеринска, заменик-генерална секретарка на Алијансата, која на функцијата е од декември 2024 година. Шекеринска претходно беше министерка за одбрана на Македонија и член на СДСМ.

— реклама —

На средбата со Руте, Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на Македонија кон НАТО и колективната одбрана, нагласувајќи ја важноста на сојузничкото единство и силната трансатлантска врска за безбедноста.

Таа ја потврди и определбата за зголемување на издвојувањата за одбраната согласно Хашкиот план, како и продолжување на модернизацијата на Армијата, вложувањата во сајбер-безбедноста и заштитата на критичната инфраструктура.

— реклама —

На разговорите станало збор и за поддршката за Украина, како и за значењето на Коридорите 8 и 10 за регионалната соработка и воената мобилност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhquk4frk3jpd2gR8kEk

(Видео) Сиљановска: Проблемот не е во ЕУ, туку во недостигот на политичка волја кај некои соседи

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-library36utiq3pfge06tSRhAf

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро за целото општество

Македонија | пред 6 дена

media-library6r08e6chob60bt1Xeot

Сиљановска на одбележувањето на Унгарската револуција: Историја што ги поврзува двата народа

Македонија | пред 1 седмица

media-librarytb4hhas23vrd1fWqWFp

Сиљановска од Прилеп: Театарот останува место каде човекот доброволно се соочува со вистината

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања