Силјановска: СДСМ го смени името на криминален начин, како да веруваме ние во владеењето на правото

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија денеска оствари средба со жителите на Општина Конче.

— реклама —

На средбата Силјановска Давкова истакна дека граѓаните не можат да ја прифатат промената на уставното име на Република Македонија, додавајќи дека ќе ги искористат сите правни механизми повторно да го вратат името на државата.

Ние не можеме да прифатиме вакво нешто ни со срце, ни со ум и дека ќе ги искористиме сите правни можности, сите институции, судови, меѓународни институции за ова да го ставиме до знаење и да го вратиме името, вели таа.

— реклама —

Силјановска Давкова посочи дека владата на СДСМ промената на името на државата го направила на криминален начин со притисок и уцена и со купени гласови, прашувајќи како граѓаните би верувале во владеењето на правото кога оние пратеници кои што биле затворани истите тие гласале за промена на името, а на сметка на тоа добиле амнестија.

Ако нешто ви значи, никој никому не може да му забрани да го смени Уставот  кога сме ние во прашање, како што тие насила го сменија Уставот, со купени гласови, со притисок, со страв, со амнестија, со измена на Кривичен законик, со непотизам, со корупција и криминал доделувајќи тендери и сега гледате луѓето кои беа обвинети за зло, за отворање на врати и сега не само што се слободни, туку и добија бизниси, е како да веруваме ние во владеењето на правото, праша Силјановска Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања